Blog
Виктор Петков: Први извезовме домашен ајвар од Македонија
„Випро” денес произведува околу 4.000.000 единици производи годишно, а нашиот производствен капацитет го користиме флексибилно, во зависност од побарувачката. Имаме три линии, што одговараат на горенаведеното портфолио, а чијашто искористеност се движи од 50 до 100%. Исто така, моментално сме во фаза на имплементација на уште две производствени линии, што треба да почнат со работа до крајот на 2014 година.
„Випро” е една од водечките компании во конзервната индустрија во Македонија, што околу 70% од своето производство го пласира надвор од земјата под свој бренд. Компанијата на македонскиот пазар постои од 1992 година и на пазарот нуди широко портфолио од над 150 производи. За предизвиците и успесите на компанијата разговаравме со сопственикот Виктор Петков, како што самиот вели, „виновникот” за употребата на зборот „ајвер” на македонскиот ајвар.
Компанијата „Випро” од Гевгелија е формирана во 1992 година и првобитно работеше со освежителни пијалаци – соковите Наја. Инаку, јас сум дипломиран економист и пред да почнам со работа со „Випро” имав искуства во повеќе слични компании, како што се тогашниот агрокомплекс „Винојуг Гевгелија”, компанијата „Магро” од Скопје во делот на комерцијата и увоз-извоз. Тоа искуство значително придонесе за да се решам да отворам сопствена компанија.